Претходна статија
Хотелот во Лагадин продолжува да се гради, општина Охрид се правда
Следна статија
Нова енергетски ефикасна фасада на станбен објект во населбата „Пролет“

Град Скопје: Заврши пријавувањето за субвенции за купување велосипед

Објавено на 20.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Над 2.600 граѓани на главниот град до денеска поднеле барања до Градот Скопје за добивање субвенции за купување велосипед. Градските власти информираат дека се исцрпени планираните средства за оваа намена од годинешниот буџет, така што од утре нема повеќе да бидат примани нови барања за субвенции. „Комисијата активно ги разгледува пристигнатите барања, по редоследот на поднесувањето на барањата и изготвува решенија за исплата на средствата на граѓаните коишто ги поднеле“ соопштуваат од Град Скопје.

 

 

Јавниот повик за поднесување апликации од граѓаните траеше повеќе од еден месец. Во изминатиов период се исцрпија предвидените средства од годинешниов буџет во висина од 10 милиони денари. Градските власти на граѓаните ќе им надоместат до 4.000 денари од трошоците за набавка на нов велосипед, односно до 50% од вкупната цена на купеното превозно средство.