Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на улиците во центарот на Куманово
Следна статија
Се реконструираат улици во Стајковци по минатогодишната поплава

Со пари од државниот буџет ќе се реконструираат 10 училишта во земјава

Објавено на 12.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука склучи договори за реновирање и реконструкција на објектите на 10 основни и средни училишта во неколку општини од земјава. Од државниот буџет за овој проект се издвоени 44.764.388 денари. Градежните работи треба да се реализираат во текот на претстојното лето, а ученици од новата учебна година да влезат во реконструираните простории. За изведувачи на градежните работи се избрани фирмите „Стентон градба“ од Битола, „Промонтинг“ од Скопје, „Еуровиа“ од тетовско Желино и „Алдинг-инженеринг“ од Скопје.

 

 

Во училиштето „Дитуриа“ во скопското село Љубин ќе се воведат термотехнички инсталации. Објектот на тетовското училиште „Реџеп Вока“ од село Бродец ќе добие нова фасада и термотехнички инсталации. Во кумановското училиште „Браќа Рибар“ ќе се изведе замена на фасадната столарија, додека училишниот објект во кумановско Агино Село ќе добие термотехнички инсталации. Во демирхисарското училиште „Гоце Делчев“ ќе се санира котелот и котларата. Основното училиште „Александар Урдаревски“ во скопското село Блаце ќе биде целосно реконструирано.

 

Дебарското училиште „Братство и Единство“ од селото Џепиште ќе добие целосно реконструиран објект, додека во тетовското „Лирија“ е предвидена реконструкција на кровот од зградата. Во проектот на надлежното министерство за оваа година се вклучени и основното училиште „Јоаким Крчовски“ од скопското село Волково и средното училиште „Гостивар“ од Гостивар.