Претходна статија
Битола ќе го добие новиот градски стадион во 2018 година
Следна статија
Груевски вели дека „класицистичката“ палата на ЕЛЕМ е готова

Транспортот со воз од квартал во квартал тоне подлабоко во негатива

Објавено на 26.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Продолжува трендот на уназадување на железничкиот сообраќај во земјава. Превозот на патници во првиот квартал од 2017 година е намален за фантастични 38,6% во однос на идентичниот период лани. Возот како превозно средство на почетокот од годинава го користеле само 102.000 патници. Истовремено, количеството на транспортирана стока со товарни вагони е намалено за 18,5% во однос на истиот период од 2016 година. Товарните возови во периодот јануари-март 2017 година превезле единствено 303.000 тони стока.

 

 

Намалувањето на обемот на работа во железничкиот сообраќај во земјава трае веќе неколку квартали наназад, со што директно се загрозува непреченото функционирање на државните железнички компании. Наспроти железницата, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат позитивни резултати од работењето на останатиот транспорт во земјава.

 

Патниот патнички превоз во првите три месеци од 2017 година бележи раст од 1,4% во споредба со идентичниот период лани. Со автобуси биле превезени 1.721.000 патници. Бројот на патници во градско-приградскиот превоз е зголемен за 6,9%, додека растот во воздухопловниот транспорт изнесува 7,1%. Огромен раст во работењето се забележува кај товарниот сообраќај. Превозот на стока со камиони бележи зголемување за 69,6% на почетокот од 2017 година. Во исто време, кај воздухопловниот товарен превоз има намалување на превезената стока од 30,2%.