Претходна статија
Непречено тече реконструкцијата на автопатот меѓу Скопје и Куманово
Следна статија
Спорен договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Привршува реконструкцијата и доградбата на Министерството за транспорт и врски

Објавено на 19.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Политичарот Никола Груевски денеска беше во посета на еден од објектите од проектот „Скопје 2014“. Зградата на Министерството за транспорт и врски ќе биде пуштена во употреба во текот на јуни годинава, за што креаторот на проектот денеска даде детални образложенија. „Министерството за транспорт и врски беше претесно и прилично руинирано. Се одлучивме за темелна реконструкција, но и за надградба со што површината на објектот двојно се зголеми. При почетокот на реконструкцијата се констатираше дека има слабости со темелите и дека треба да се зајакнат“ изјави Груевски.

 

 

Доградбата на објектот доцни речиси три години, а во изминатиов период значително поскапе и неговата реализација. За градежните работи се потрошија дури 5,5 милиони евра, вклучувајќи ја тука и изведбата на „барокната“ фасада. Од надлежното министерство се правдаат дека со зафатот се зголемила корисната површина на објектот на вкупно 4.580 метри квадратни. Од денешната посета на овој објект од „Скопје 2014“ се дозна дека министерството ќе работело на „подобрување на статиката“ на соседниот објект – Ибни Пајко. Овој врвен дострел на архитектурата од 30-те години на минатиот век е под закана за уништување на фасадата од проектот „Скопје 2014“.