Претходна статија
Поликлиниките во Скопје ќе произведуваат електрична енергија од сонцето
Следна статија
Ќе се доврши уредувањето на кејот на Луда Мара во Кавадарци

Санацијата на „Пошта 1“ се одолговлекува веќе четири години

Објавено на 09.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И по четири години од опожарувањето на шалтер салата од главната пошта во Скопје, внатрешноста на градбата не е обновена и истата е затворена. Минатогодишниот тендер за обнова на куполите заврши неуспешно, а годинава раководството на „Македонски пошти“ се одлучи дека е потребно најпрво да се изготви основен проект за санациониот зафат. На веб-страницата на Бирото за јавни набавки е објавен оглас за избор на проектантска фирма што ќе изработи основен проект за реконструкција на кровните светлосни куполи над шалтер салата на објектот „Пошта-1“.

 

 

Проектантските фирми имаат рок до 15 мај за да ги достават своите понуди. Крајниот рок за реализација на реконструктивниот зафат не е познат. Во изминатиов период се редеа ветувања и тендерски постапки за покривање на опожарениот објект, но тие завршуваа неуспешно. Во меѓувреме, шалтер салата на „Пошта-1“ зјае празна и секојдневно е подложна на надворешни атмосферски влијанија. Засега не е познато дали и колкави дополнителни штети се направени од оваа причина во внатрешноста.

 

Пресметките на „Македонски пошти“ од минатите години говорат дека за покривање на објектот се потребни околу 5 милиони денари. Врвното дело на македонскиот архитект Јанко Константинов е изградено и наградено во 70-те години од минатиот век, но во изминативе неколку години е оставено да пропаѓа на заборав на времето.