Претходна статија
Тендер за изградба на Спомен парк во чест на Никола Карев
Следна статија
Тендер за изградба на долгонајавуваното училиште во Визбегово

Втората фаза од плоштадот „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300.000 евра

Објавено на 05.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Изградбата на скопскиот плоштад „Скендербег“ се ближи кон својот крај, но цената на проектот продолжува да расте. Општина Чаир и „Бауер БГ“ од Скопје на почетокот од април годинава склучиле дополнителен договор за непредвидени работи во висина од 18.174.129 денари. Вкупната вредност на проектот се искачи на над 682 милиони денари и надмина 11 милиони евра, вклучувајќи ја единствено втората фаза. Локалните власти веќе најавија дека оваа фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ ќе заврши до крајот на мај годинава.

 

Покривањето на левиот дел од јавниот простор се одвива побрзо, поаѓајќи од фактот што се употребуваат префабрикувани бетонски елементи. На терен веќе се поставува и дел од урбаната опрема на плоштадот, кој е предвидено да се простира на 22.000 метри квадратни. Премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ опфаќа површина од 8.000 метри квадратни. Локалните власти порачаа мозаици, кои ќе се постават на бетонските платоа кон чаршијата и кон страничните ѕидови на скалите од амфитеатарот.

 

По целосното завршување на работите, општина Чаир планира да премине кон реализација на третата фаза од проектот. Овој сегмент ќе опфати изградба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила, со што ќе се ублажи проблемот со недостиг за паркирање околу Старата скопска чаршија.