Претходна статија
Прилепскиот пазар преку соларни панели ќе се снабдува со електрична енергија
Следна статија
Објектот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се подготвува за реконструкција

Привршува реконструкцијата на спортската сала „Младост“ во Битола

Објавено на 29.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Реконструкцијата на спортската сала „Младост“ во Битола се наоѓа во завршна фаза. Општина Битола во изминатиов период инсталираше нов начин на затоплување со котел за греење на биомаса, додека игралиштето во салата е целосно реконструирано и проширено. Во рамки на досегашната изведба беше санирана и покривната конструкција на спортската сала. Во моментов се изведува санација на трибинскиот простор, вклучувајќи го и поставувањето на нови столчиња за гледачите. Наредните денови треба да се комплетира првичната фаза од реконструктивниот зафат, вклучувајќи го и поставувањето на нов семафор.

 

 

По завршувањето на првата фаза од реконструкцијата на спортската сала „Младост“, општина Битола ќе се насочи кон санација на ходниците, соблекувалните и на вториот дел од тоалетите. Градежните работи на терен ги изведува битолската фирма „БВ Инженеринг“. Вкупната инвестиција во овој проект изнесува околу половина милион евра обезбедени од општинскиот буџет.