Претходна статија
Да се отстранат пристапните бариери за лицата со посебни потреби во сите јавни објекти
Следна статија
Музеј на град Скопје домаќин на изложба посветена на Борис Чипан

Прилеп со нови автобуси и градски линии ќе го развива јавниот превоз

Објавено на 27.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Три години од неговото основање, јавниот градски превоз во Прилеп успешно функционира. Трите градски линии ги одржуваат пет автобуси, коишто лани дневно превезле во просек од 1.300 до 1.500 патници. Податоците на општина Прилеп за 2016 година покажуваат дека градскиот превоз го користеле од 400.000 до 500.000 патници. Цената за едно возење со автобус се движи од 7 до 20 денари, во зависност од тоа за која категорија на патници станува збор. Заедно со Скопје, Прилеп е единствениот македонски град во кој јавниот превоз го организира општината, и тоа преку Ј.П. за Просторни и Урбанистички Планови.

 


* Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Општина Прилеп во наредниот период планира да набави нови нископодни автобуси, но и постепено да ја шири мрежата на градски и приградски линии. За централното градско подрачје е предвидено да се набават електрични минибуси, додека во план е и изградба на автобаза со сервисен центар што ќе биде лоцирана кај Сточниот пазар. Локалната самоуправа ќе постави нови автобуски стојалишта на различни локации во градот, додека постојните ќе добијат информативни табли за следење на автобусите во реално време. Наплатата на билети во иднина би се осовременила, и тоа со можноста за електронско плаќање на билети преку мобилен телефон и интернет.