Претходна статија
Град Скопје ветува дека нема да го уништи зеленилото со изведбата на Луна паркот
Следна статија
Ќе се издигне Спомен парк во чест на Никола Карев во месноста Свиланово

Нови велосипедски патеки околу Големиот ринг во Скопје

Објавено на 21.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје планира да ги обнови велосипедските патеки околу Големиот ринг. За таа цел се склучени договори за реконструкција на велосипедските и пешачките патеки на булеварите „Св. Климент Охридски“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“. Трасата на овие три булевари прави полукруг околу строгиот центар на Скопје и обезбедува побрз транзит за велосипедистите низ централното градско подрачје. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните два месеца, а од градскиот буџет за оваа намена се издвоени 19.360.285 денари.

 

За изведувачи на проектот се избрани фирмите „Урбан десинг“ и „Бауер БГ“ од Скопје. Двете компании треба да ги санираат постоечките патеки на булеварот „Кочо Рацин“ од крстосницата со улица „11-ти Октомври“ до крстосницата со булевар „Св. Кирил и Методиј“, на булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со булевар „Св. Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрија Чуповски“ и на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Св. Климент Охридски“.