Претходна статија
Ќе се реконструираат три улици во општина Ѓорче Петров
Следна статија
Привршува реконструкцијата на штипскиот стадион, следуваат оние во Кочани и Турново

Ќе се обнови велосипедската патека на булевар „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Објавено на 03.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Продолжува обновата на велосипедските патеки во рамки на проектот „Скопје велоград“. Градот Скопје во претстојниот период ќе ја обнови велосипедската траса која го обиколува строгиот центар на градот. За таа цел, веќе е потпишан договорот за реконструкција на патеката долж булеварот „Св. Кирил и Методиј“, на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Св. Климент Охридски“. Целокупниот зафат е предвидено да се одвива во период од три месеци. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Бауер БГ“, на која ќе и бидат исплатени над 8 милиони денари за спроведување на планираниот зафат.

 

 

Градот Скопје во наредниот период планира да ги обнови велосипедските патеки долж булеварите „Кочо Рацин“ и „Св. Климент Охридски“, за што веќе беше изработена и проектна документација. Градските власти пред неколку дена распишаа оглас за изработка на проекти за санација на велосипедските патеки долж пет булевари, кои постепено ќе се реализираат по изведбата на кружната велосипедска траса околу строгиот центар.