Претходна статија
Јавен повик за доставување на предлози за изработка на ДУП-ови
Следна статија
Делчево и Благоевград ќе користат европски финансии за обнова на уличното осветлување

Со „Виз ер“ од јули ќе се лета од Скопје кон Малта, Рим и Ваксјо

Објавено на 28.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од јули ќе воведе три нови авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ до Малта, до Рим и до шведскиот град Ваксјо. На леталиштето во Скопје ќе се стационира четвртиот авион од оваа компанија, додека предвидените летови ќе започнат да се одржуваат на 14 и 16 јули. Сите патници ќе можат да ги набават своите авионски билети по електронски пат, со почетна цена од 1.799 денари. Од „Виз ер“ посочуваат дека стационирањето на четврти авион во Скопје ќе значи и зголемување на бројот на вработени на вкупно 150 лица.

 

 

Покрај воведувањето на новите три дестинации, од „Виз ер“ веќе го најавија и првиот лет на релацијата Скопје-Будимпешта-Скопје за 2 април годинава. Летовите од Скопје до Ајндховен, до Брисел-Шарлероа, до Меминген и до Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно. Авиолиниите до Гетеборг, до Братислава, како и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно. Воедно, летовите од Скопје до Малме и до Милхаус ќе сообраќаат секој ден. Авиокомпанијата „Виз ер“ во моментов опслужува 29 дестинации од 13 држави од двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид.