Претходна статија
Ем сме трошеле помалку, ем сме произведувале помалку енергија во 2016 година
Следна статија
Во вторник се отвораат саемите за градежништво и за недвижности

Ќе се воведе 3Д-катастар во Македонија

Објавено на 24.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за катастар на недвижности воведува 3Д-катастар на објекти како нова услуга за македонските физички и правни лица. „Воведувањето трета димензија во приказот на недвижностите ќе овозможи поедноставно разбирање на границите на правата врз самите недвижности што ќе создаде една поедноставна слика на тоа – кој и што има, на кој начин го употребува и до каде се простираат неговите права врз соодветната недвижност, како во длабочината на земјата така и во висина“ изјави Славе Трпевски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

 

 

Постоењето на 3Д-геопросторни податоци како дел од 3Д-катастарот претставува основа за извршување на најразлични 3Д-анализи со кои се овозможува ефикасно моделирање на зградите, теренот и површината, како и визуелизација со која ќе се постигне подобро разбирање и планирање на вистинскиот свет. Агенцијата за катастар на недвижности годинава ќе предвидува да имплементира неколку сегменти од овој проект – воведување на висината при премерот на објектите, геореференцирањето на етажните скици, како и електронското издавање на податоците како првични чекори кон воведувањето на 3Д-катастар.

 

Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Европската унија преку програмите Twining или TAIEX на Европската комисија. Во изминативе три дена се реализираше експертска мисија на TAIEX за воспоставување и одржување тридимензионален катастар во Република Македонија.