Претходна статија
Во Струмица интензивно се гради пречистителната станица
Следна статија
И во Битола ќе се субвенционира купувањето на печки на пелети

ЈСП ќе почне со замена на старите билетарници

Објавено на 20.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Зелените трафики за купување билети за градски превоз ќе заминат во историјата. Почнувајќи од 2017 година, ЈСП-Скопје ќе започне со реализација на проектот за замена на постоечките 30-тина билетарници со нови монтажни објекти. За годинава е планирано да се заменат само неколку, поаѓајќи од фактот дека во буџетот се предвидени 15 милиони денари за оваа намена. Постојните трафики немаат тоалети за вработените, ниту пак компјутери за ефикасно спроведување на наплатата на билети. Како резултат на сето ова, јавното претпријатие планира да воведе нови технологии во новите билетари.

 

 

Сообраќајното претпријатие треба допрва да ја подготви проектната документација за билетарниците, по што би следел изборот на компанија која што нив ќе ги изработи и монтира низ главниот град, а цената, изгледот и функционалноста ќе бидат клучни. Од ЈСП-Скопје сметаат дека новите билетарници би можеле да ја користат сончевата енергија за производство на електрична енергија доволна за осветлувањето и за работењето на компјутерите. Изведбата на новите трафики би започнала во текот на август годинава.