Претходна статија
Пропадна тендерот за изградба на 150 игралишта за баскет
Следна статија
Конкурс за просторни инсталации за деца низ парковите

Од јули ќе се лета за Доха, во игра е можно да влезат Минхен и Дизелдорф

Објавено на 06.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Катар ервејз потврдила дека од 17 јули годинава ќе започнат редовните летови на релација Скопје – Доха – Скопје. Оваа информација денеска ја соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој посочи дека се работи за авиокомпанија што ќе понуди нови можности за македонските граѓани и поврзување со земјите од Блискиот Исток. Воедно, од ТАВ Македонија соопштија дека преговараат со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс за воведување на две нови линии од аеродромот „Александар Велики“. Оваа авиокомпанија, која е дел од групацијата Луфтханза, би оперирала на релациите Скопје – Минхен – Скопје и Скопје – Дизелдорф – Скопје.

 

 

„Доколку преговорите завршат успешно, македонските граѓани не само што ќе добијат дополнителни воздушни врски до овие градови во Германија, туку и нови конекции во рамки на Европа, како и интерконтинентални конекции за летање“ информираат од ТАВ Македонија. Од компанијата посочуваат дека лани од двата македонски аеродроми биле превезени 1.794.376 патници, што е за 15% повеќе во споредба со 2015 година.