Претходна статија
Обновена уште една фасада во Старата скопска чаршија
Следна статија
МЖ ќе работи на ревизија на проектот за пругата Бељаковце - Крива Паланка

Субвенции за пренамена на стари селски куќи во туристички апартмани

Објавено на 02.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со финансиска поддршка од државниот буџет ќе се субвенционираат реконструктивни зафати за оние граѓани кои планираат старите селски куќи да ги пренаменат во туристички апартмани. Сопствениците на објектите ќе добијат надоместок на потрошените средства до 60% од трошоците за оваа намена, но не повеќе од 3.000 евра по апликант. Јавниот оглас ќе објавен во текот на фебруари, додека доделувањето на субвенциите ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“. Финансиските средства ќе се доделат по поднесување на барање од заинтересираните лица, заедно со докажаните трошоци за зафатот.

 

 

Со средствата за реконструкција на селските куќи ќе мора да се уреди објектот во согласност со традицијата на регионот во кој се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје. Целта на проектот е да се подобри туристичката понуда и да се развие руралниот туризам, кој е интерес за странските посетители. Државата годинава ќе го субвенционира брендирањето и доуредувањето на угостителските објекти во земјава, за кои е предвиден поврат на средствата до 60% од вкупните трошоци или до 2.000 евра по објект.