Претходна статија
Ќе се реконструира покривот на Националната и универзитетска библиотека
Следна статија
Нови училишта ќе се градат во скопски Хиподром и во село Фалише

Наскоро реконструкција на Центарот за култура во Кочани

Објавено на 30.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со буџетски средства на Министерството за култура ќе започне реконструкцијата на зградата на националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Според информациите објавени од Министерството за култура, градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструира дрвенаријата и фасадата на Центарот, додека со втората фаза ќе биде опфатена внатрешноста на градбата. Со целосната санација на објектот ќе се задоволат пропишаните мерки за енергетска ефикасност.

 

 

Објектот на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани е лоциран во централното градско подрачје, на Кејот на Кочанска река. Неговата изградба започнала во 1957/1958 година, а бил ставен во функција на 29 ноември 1964 година.