Претходна статија
Ќе живне велешката индустриска зона „Речани 2“
Следна статија
На продажба парцели за станбени згради во Струмица

ОСВРТ: Коридор 4 како конкуренција на Коридор 10

Објавено на 07.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Коридор 10Коридорот 10 е пан-европски коридор што минува низ Македонија. Во последните години се погласни се теориите за заобиколување на Македонија и Србија, особено на железничката пруга од Коридорот 10. Алтернатива за заобиколување на нашата држава е Коридорот 4. Исклучително ниските брзини на пругата долж Македонија и Србија заедно со долгите чекања на граничните премини и царинските процедури доведоа до сериозни инвестиции за #Коридор 4изградба на железничкиот Коридор 4 на делницата Крајова – Софија – Солун.


Коридор 4 претставува паневропски коридор кој ги поврзува градовите Дрезден/Нирнберг – Прага – Виена/Братислава – Будимпешта – Арад – Букурешт – Констанца/Крајова – Софија – Солун/Пловдив – Истанбул со 4.340 километри железничка пруга, 3.640 километри пат, 10 аеродроми и 8 морски и речни пристаништа. Како конкуренција на македонскиот дел од Коридор 10 се јавува делницата Будимпешта – Арад – Крајова – Софија – Солун, и тоа во патниот и железничкиот сообраќај. Клучна пречка за функционирање на овој дел од Коридорот 4 е неизградениот мост на реката Дунав помеѓу Романија и Бугарија.


Визуелизација на новиот мостМостот на реката Дунав е предвидено да ги поврзе бугарскиот град Видин и романскиот град Калафат на тромеѓето помеѓу Романија, Бугарија и Србија. Официјалната изградба започна на 13 мај 2007 година, а вкупната инвестиција е во износ од 274 милиони евра. Мостот ќе се состои од четири патни, една железничка и две пешачки ленти. Изградбата на мостот е во финална фаза и е планирано да се пушти во употреба во 2011 година.


Моментална состојба на пругата Калафат - КрајоваРоманското министерство за транспорт планира да се обнови и електрифицира пругата од мостот на Дунав до Калафат и да се изгради нова железничка станица во Голенти. Во моментов се спроведува и целосна обнова и електрификација на 106 километри долгата пруга Калафат – Крајова со што моменталната брзина од 46 километри на час ќе се подигне на 160 километри на час, а ќе се изгради и втор железнички колосек и ќе се замени механичката со електрична сигнализација на пругата. Изградба на делницата од Видин до мостот на ДунавПрвиот дел од обновувањето на пругата е предвидено да заврши во 2011 година.


Бугарската страна има мали задоцнувања во изградбата на мостот на Дунав, но и таа планира да го испочитува јуни 2011 година како краен рок за изградба на мостот. Комплетната обнова на линијата од Софија до Видин е планирано да отпочне во 2013 година. Сегашната максимална брзина на единечната пруга од 100 километри на час е планирано да се замени со нова двоколосечна електрифицирана пруга во должина од 267 километри со максимална брзина од 160 километри на час.


Мостот на Дунав во изградбаКоридорот 4 ќе стане вистинска конкуренција на Коридорот 10 со довршувањето на мостот на Дунав. Моменталната брзина на пругата Софија – Кулата – Солун е од 70 до 160 километри на час, во голем дел неелектрифицирана од грчка страна, со единечен железнички колосек и со нецелосна електрична сигнализација од бугарска страна. Пругата од Софија до Видин во голем дел е електрифицирана и со двоен колосек како и со целосна електрична сигнализација, но моменталната максимална брзина е 100 километри на час. Најлоша е состојбата со пругата на романска страна, но во моментов Романија најинтензивно работи на осовременување на својот дел од Коридор 4.


Споредбено, моменталната состојба на пругата Белград – Скопје – Солун е речиси идентична со онаа на делницата Крајова – Софија – Солун. Суштинската разлика е во тоа што Коридорот 4 интензивно се гради, за разлика од Коридорот 10 во кој не се вложени никакви средства во последните две децении од македонска и српска страна.


Главната предност на Коридорот 10 и понатаму останува помалото растојание помеѓу Солун и Будимпешта. Поголемата должина на Коридорот 4 низ Бугарија и Романија заедно со максималната брзина од 100 километри на час на речиси сите делници го прави Коридорот 10 сеуште побрз за транспорт на стоки и патници во железничкиот сообраќај. Позитивната страна на Коридорот 4 ќе биде непостоењето на гранични и царински процедури од Грција до Унгарија со што Коридорот 4 ќе биде единствената врска на Балканскиот полуостров со Средна и Западна Европа што целосно минува низ територијата на ЕУ.



Бојан Блажевски