Претходна статија
Доцни изградбата на хотел од ланецот „Хилтон“ во скопски Аеродорм
Следна статија
Отворен новиот Дом на културата во Миладиновци

Градежниците предвиделе изградба на 985 станови во ноември 2016 година

Објавено на 13.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Претпоследниот месец од 2016 година донел зголемување на бројката на предвидени станови за градење. Македонските општини издале одобренија за градење на 985 станови со вкупна корисна површина од 86.342 метри квадратни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројката на нови станови во ноември 2016 година се зголемила за 82,7% во споредба со идентичниот период од 2015 година. Истовремено, квадратурата на идните станови пораснала за 97,2%. Деловните субјекти ја започнале постапката за изградба на 679 станови на површина од 49.741 метар квадратен, додека останатите живеалишта ќе ги градат физички лица.

 

 

Како и досега, инвеститорите се првенствено заинтересирани за изведба на двособни (374) и трисобни станови (310). Скопскиот регион со издадени градежни дозволи за 772 станови и понатаму предничи на ниво на целата земја. Изградбата на овој вид недвижности била најатрактивна во општина Аеродром, на чија територија е планирано да се издигнат 336 станови. По неа, следуваат општина Карпош со 295 и општина Центар со 106 предвидени станови за градење.

 

Статистичарите пресметале дека во ноември 2016 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 14,2% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 6.030.217 илјади денари, што е за 0,8% повеќе во однос на истиот период од 2015 година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 (60,3%) се наменети за објекти од високоградба, 54 (14,9%) за објекти од нискоградба и 90 (24,8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 363 објекти, на 239 (65,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 (34,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk