Јавното претпријатие за државни патишта до крајот на 2017 година ќе добие проектна документација за рехабилитација на патните правци Куманово – Страцин, Крупиште – Пробиштип и обиколницата на Кочани од државниот пат А3. За изработка на проектите се предвидени 25.334.600 денари, а ангажирани се Градежниот институт Македонија и италијантската фирма IRD Engineering Srl.
По подготовката на проекната документација, од Јавното претпријатие за државни патишта ќе продолжат со постапка за распишување на тендерска постапка за избор на градежни фирми што ќе ги рехабилитираат делниците од овие три патни правци.