Претходна статија
За една фасада во „барок“ ќе се одвојат над 1,1 милиони евра
Следна статија
„Водстрој 98“ најавува довршување на пругата Битола - Кременица

Започна реконструкцијата на Занатскиот дом во Куманово

Објавено на 17.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денес го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на Занатскиот дом, објект лоциран на градскиот плоштад. Во наредниот период ќе се изврши внатрешно уредување на просторот, промена на столаријата и осветлување, а до крајот на месецов се очекува и доставување на проектот од Националната установа за конзерваторски услуги за реконструкција на фасадата. Архитектонскиот симбол на Куманово треба да биде целосно саниран до 11 Ноември, како празничен ден кога Куманово го прославува ослободувањето на градот.

 

 

* Извор на фотографии: Општина Куманово

 

 

Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Теракота Инженеринг“ од Прилеп. За проектот се обезбедени 17.510.000 денари од Центарот за развој на североисточниот регион и од Општина Куманово. Локалните власти ќе го користат објектот за одржување на седниците на општинскиот совет, за прием на делегации, но и за одржување на театарски претстави, музички концерти и за непречено функционирање на невладиниот сектор.

 

 

 

 

Занатскиот дом во Куманово е изграден во 1930 година, по проект изработен од рускиот архитект Владимир Антонов. Овој објект низ децениите наназад испишал своевидна хроника на најзначајните случувања во градот, а од моментот на неговата изградба до денес претставува едно од најпознатите зданија во Куманово.