Претходна статија
Наместо пруга кон Грција, состаноци за пари во Битола
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Неокласицистичката палата „Лазар Поп Трајков“ ги чека административците

Центарот на Гостивар ќе се трансформира според решението на проектантите од „БИНА“

Објавено на 12.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Централното градско подрачје на Гостивар ќе се обликува според идејното решение подготвено од Бекир Адеми, Амине Адеми, Јасна Јовеска, Енис Абовски и Мирсад Адем. Проектантскиот тим на архитектите од проектантската куќа „БИНА“ од Скопје освои прво место на конкурсот што Општината го објави кон крајот на мај годинава. Пристигнатите конкурсни трудови ги оценуваше жири комисија во состав: Сабри Сулејмани, Сефедин Билали и Јетон Салија.

 

Опфатот на идејното решение изнесува приближно 15.000 метри квадратни и го вклучува сегашниот градски плоштад и околниот простор, а постојното зеленило се задржува со негово преобликување во новиот контекст. Решението предвидува изведба на мултифункционален плоштад, погоден за одржување на концерти, спортски натпревари, фестивали, преноси и слично.

 

###

###

###

 

 

 

Текстуално образложеие:

 

Градот Гостивар, кој заслужно го носи епитетот “ГОСТОЉУБИВ ГРАД“ се идентификува со своите препознатливи архитектонски белези кои потекнуваат од различни периоди и кои придонеле за општествено културолошката интеграција како на самиот град така и во регионот. Градот со своите потенцијали претставуваше особен предизвик за истражување и оформување на ова идејно решение кое понатаму треба да овозможи основа за редефинирање на урбаната матрица, промена на целокупната слика на центарот на градот која содржи неартикулирани и недефинирани јавни простори, сето тоа во склад со нормите и принципите на современиот начин на живот. Обележјата на градот, особено оние “Традиционалните“ јасно не упатуваат кон фактот дека овие простори не само што налагаат современ третман со елементи од минатото, туку имаат и капацитет да се претворат во препознатливо урбано ткиво коe би започналo од самиот чвор на градот па се до неговите граници.

 

Карактеристичните зони за средби и собири како места на случувања, претставуваат дел од градската мрежа односно “точки“ кои имаат интенција на спојување, и карактеристично градската синергија се повеќе расте во летниот период кога всушност населението двојно се зголемува а со тоа се зголемуваат и потребите, пред се културолошките и капацитетот на просторите каде истите се случуваат. Функционалноста на градската мрежа се дефинира и со проточноста на движењето па така оформувањето на пешачки “прстен“ станува задолжително. Овие високофреквентни точки бараат посебен третман, со што во ова решение просторот околу историската „Саат Кула“ се спојува со постоечкиот плоштад на градот кој не е целосно дефиниран, а каде се одвиваат главните манифестации, собири и други активности. Плоштадот кој со новото решение станува центар на “животот“ крунисан со адаптација на просторот кон различни активности е оформен од динамична надстрешница и отворен Аудиториум, а во средината каде што се вкрстуваат повеќето улици и оската на новопредвидената уметничка скулптура се предвидува фонтана со прскалки која од една страна станува атрактивна за деца како главни актери во фокусот на посетителите а воедно претставува и точка-сцена за разни случувања околу кој се наредени каскадите-гледалиштето. Другата страна која исто така го дефинира новоформираниот плоштад представува паркот. Гостиварскиот парк е познат по тоа што во различни периоди трпи промени но никогаш потполно не ја губи својата форма а особено функција. Тоа претставуваше доволнa причина дека Паркот треба да го задржи својот првобитен карактер, додека контурите на зелените острови се интегрираат во новиот концепт, нов додаден слој-патерн инспириран од познатата Полошка котлина-поле, но овој пат плодот на ова поле би претставувале културата, уживањето, натпреварите и метрополитенското доживување на просторот. Овој патерн ја следи и патеката која се предвидува да биде колско-пешачка а во летниот период само пешачка, додека од истите клетки на патернот со иста логика се формирани жардињери, клупи за седење, самиот парк, водената површина во средината на паркот, како и базисот на новопредвидената Скулптура.

 

Површината за поплочување на улиците, плоштадот заедно со површината на паркот изнесува приближно 15.000 м2. Во однос на материјализацијата Улицата Борис Кидрич и ул. Јна каде што со посебен режим освен како пешачка би функционирала и како колска поплочувањето е предвидено со базалтни или гранитни коцки-калдрма со димензии 10/10/10 см карактеристичен од стариот Гостивар, додека пешачките патеки, плоштадот и патеките на паркот со традиционален “Терацо под“ која зависно од функцијата лесно може да менува и нијанси.