Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: „Озон“ ја привршува Палатата на Зевс од „Скопје 2014“
Следна статија
Се уредува коритото на Вардар во центарот на Скопје

За пола година превезени 808.888 патници од македонските аеродроми

Објавено на 08.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Низ скопскиот аеродром „Александар Велики“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првите шест месеци од годинава минале 808.888 патници, односно за 27% повеќе во споредба со периодот јануари-јуни 2015 година. Според податоците на Министерството за транспорт и врски, 759.244 патници ги користеле услугите на аеродромот во Скопје, што претставува раст од над 24% во споредба со првата половина од 2015 година. Охридскиот аеродром бележи раст на бројот на патници од 82% – низ него во изминативе шест месеци минале 49.644 патници.

 

 

 

Најатрактивна дестинација за летање од македонскиот аеродроми била Истанбул, до каде патувале 12,8% од патниците. По него следуваат Цирих (10,4%), Виена (5,7%), Малме (5,1%), Базел (5,1%) и Лондон (4,6%). Паралелно со порастот на патници, зголемен е бројот на прелети над македонско небо. Двата аеродроми во првите шест месеци од 2016 година регистрирале 7.758 прелети.