Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска изврши увид во градежните работи за обнова на опожарените конаци во прилепскиот манастир Трескавец. „Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи“ рече министерката Канческа-Милевска. За изведувач на проектот е избрана српската фирма „Кото“. Министерството за култура обновата на опожарените конаци ја финансира со средства во висина од 2 милиони евра.
*Извор на фотографија: Министерство за култура
Паралелно со градежните работи, Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од XIII век. Елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната година, а идната година треба да почнат и конзерваторските работи. Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс во близина на Прилеп треба да заврши до 2018 година.