Претходна статија
Македонското вклучување во „Јужен поток“ станува поизвесно
Следна статија
Инк-Тритан ви го претставува најекономичниот и најквалитетниот начин на градба во Европа

Се нуди земјиште за Хотел во Охрид со почетна цена од 1 евро за квадрат

Објавено на 03.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државата започна со најавената продажба на градежно земјиште за хотели и стопански објекти со почетна цена од едно евро за метар квадратен. Деновиве Министерството за транспорт и врски објави огласи за лицитации на повеќе парцели низ државата, меѓу кои и една атрактивна локација за луксузен хотел на охридското крајбрежје. Оваа парцела досега беше предмет на повеќе неуспешни обиди за продажба, иако првичните високи критериуми со тек на време се спуштија. Овој пат се оди и со минимална почетна цена (во претходниот обид таа изнесуваше 5.400 денари за метар квадратен), а дали тоа ќе вроди со плод ќе се знае после 02.11.2010 за кога е закажано јавното наддавање.


Парцелата е вцртана во Деталниот урбанистички план вон населено место за дел од локалитетот Горица и е со површина од 15.878 метри квадратни. Површината за градење изнесува 6.667, а максималната бруто развиена површина 29.343 метри квадратни. Минимум услови што треба да ги исполни хотелот кој ќе се изгради се условите содржани во Правилникот за категоризација на угостителските објекти кој е усогласен со стандардите на Европската Унија и во кој се дефинирани условите кои треба да ги исполнува хотел од прва категорија со пет ѕвездички. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26.10.2010.


Од министерството најавуваат дека во следниот период ќе бидат распишани повеќе објави за локации на кои е предвидена изградба на хотели во Скопје, Битола, Штип, Кратово и Делчево, за кои исто така почетната цена на јавните наддавања ќе изнесува едно евро за метар квадратен.