Претходна статија
Се нуди земјиште за Хотел во Охрид со почетна цена од 1 евро за квадрат
Следна статија
Продажба на парцели под Кале со почетна цена од 1 евро за квадрат

Инк-Тритан ви го претставува најекономичниот и најквалитетниот начин на градба во Европа

Објавено на 05.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градењето не е само размислување за формата и изгледот на самиот објект, можеби дури и повеќе е размислување за материјалите, нивната предност и полза, за избирање на идеалните материјали за вашиот објект.


#Токму поради оваа причина се повеќе инвеститори и изведувачи се одлучуваат за дрвено-цементните блокови ISOSPAN. Со производство и седиште во Рамингштајн, во покраината Салцбург во Австpија, нашата компанија со своите производи е присутна низ цела Европа, а е специјализирана за изработка на дрвено-цементни оплатни блокови и дрвено-цементни плочи за изолација. Со помош на нашата производна програма може да се остварат речиси сите архитектонски замисли.


#Самите блокови не само што лесно се обработуваат и вградуваат, туку се составени од природни компоненти, дрво и цемент. Тие осигуруваат оптимален однос помеѓу вложениот труд и материјал спрема корисната вредност на објектот. Во поглед на трајноста, квалитетот и удобноста за престој во просторот, ги намалуваат трошоците за греење и ладење, како и вкупното одржување, па може да се заклучи дека објектите изградени со овие блокови се неспоредливи со класична градба. Поради тоа, на европскиот пазар тие се изборија за статусот на врвен градежен материјал.


Живеење со ISOSPAN

ISOSPAN создава пријатна клима во просторот, затоа што исклучително добро го изолира од надворешни влијанија и акумулира топлина, но сепак во исто време и е паропропусен. Значи вашата куќа „дише”, т.е. овозможува дифузија на пареата што е предуслов за природно и удобно домување.


#Блоковите ISOSPAN се градежни елементи со кои се постигнува непрекинат двослојно изолиран надворешен ѕид по целата должина, што резултира со задржување на топлината во самиот објект. Тоа секако штеди пари, за што сведочи калориската вредност од 0,19 W/m2K која се манифестира преку значителното намалување на трошоците за греење на вашата енергетски штедлива куќа, односно стан.


Армирано бетонската исполна на блоковите не служи само за добивање конструкција за Вашиот објект, туку служи и како акумулатор на топлина и како одлична заштита до бука.


Со ISOSPAN блоковите добивате:

•конструкција од армирано бетонски ѕидови и меѓукатни плочи (нема потреба од класични греди и столбови);

•фасадни ѕидови со вградена топлотна изолација, подготвени за нанесување на завршен слој малтер за фасада или облагање со декоративни елементи;

•преградни ѕидови, подготвени за малтерисување, глетување и бојосување.


Градење со ISOSPAN

Мешавината на дрво (како суровина исклучиво се употребуваат струготини од високо квалитетна смрека и бука), цемент и минерали, го прават овој материјал #лесен за градба. Тоа му помага на инвеститорот, зошто со таков лесен материјал се гради побрзо и поевтино.


Армирано бетонското јадро е акумулатор на топлина и стабилизатор, а пред се служи како најдобар конструктивен елемент со висока отпорност на потреси. Со други зборови со ISOSPAN Вие градите сеизмички стабилен објект.



Зошто ISOSPAN?


Едноставна обработка и брзина на изведба

Времетраењето за изведба на m2 ѕид со ISOSPAN трае за 40 % покусо отколку класично ѕидање со глинени или бетонски блокови. За сето тоа нема потреба од изведба на столбови и дополнително оплатирање. Блокот ISOSPAN е и оплата за вертикалните конструктивни елементи.


Заштеда на простор

#Освен покусото време на изведба, со дебелината на самите ѕидови се добива дополнителен нето корисен простор од 5-11 % на секои 100 m2 станбена површина.


Огноотпорност и постојаност

Дури и најтенките блокови постигуваат класа на огнооптпорност F90 и се исклучително постојани на различни временски услови.


Исклучителна топлинска изолација

#Блоковите ISOSPAN доаѓаат со интегрирана непрекината изолација (од 5 до 16.5 cm EPS), постигнувајќи К-вредности до 0.19 W/m2K. Со тоа времето потребно за ладење на ѕидовите без дополнително затоплување изнесува 200 часа, а во самиот објект се „губи” топлина само по половина целсизусов степен на ден. Понатаму, производната палета ISOSPAN обезбедува хомогена изградба без топлински мостови.


Конструкција според европски стандарди

Самите блокови се направени за изведба во земјотресни подрачја и се поткрепени со контрола на нивната носивост согласно Европските прописи (Eurocode).


Ефикасна заштита од бука

Не само што се исполнети сите важечки прописи за заштита од бучава, туку тие со ISOSPAN завидно се надминуваат.


Енергетски ефикасна изведба

Единствената комбинација на термоизолациските карактеристики на ISOSPAN дрвено-цементните блокови обезбедува ефикасно штедење на енергија за греење со помош на високи U вредности, а посредно тој ефект се зголемува со пасивно употребената сончева енергија и субјективно удобната клима за престојување.


Механички заштитена и фабрички вградена изолација

Со вградувањето на оплатните блокови ISOSPAN исклучени се сите дополнителни трошоци во врска со надворешната топлинска изолација и притоа не се потребни лепила и материјали за прицврстување. Во зависнот од изборот на инвеститорот постојат блокови со вградена изолација од 5 cm па се до 16,5 cm.


Одлична паропропусност

Низ широките непрекинати дрвено-цементни пречки на блоковите се овозможува непрекинато преминување на влагата од воздухот кон надвор без кондензација. Структурата на отворените пори обезбедува високи вредности на испуштање на водата во ѕидот (прием на 0,7 kg/m/h, испуштање -2,1 kg/m/h).



Контакт:

071 375 650
inc-tritan@tritan.biz