Во Старата скопска чаршија оваа година ќе бидат обновени фасади на пет објекти во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација на фасади од староградската архитектура. Планираните пет објекти во 2016 година ќе се работат врз основа на проектите изработени лани. Една од фасадите веќе е готова, а на втората интензивно се работи и ќе биде завршена за два месеци. Двата објекти во чаршијата денеска ги посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
„Ќе почне обновата на уште две фасади за кои тендерската процедура е во завршна фаза, а последната, петта фасада за оваа година, е фасадата на црквата „Св. Спас“ каде што е сместен и Конзерваторскиот центар. Оваа година, исто така, институцијата е задолжена да изработи и проекти за нови пет фасади. Обновата на фасадите во старите градски јадра е крупен проект на Владата и на Министерството за култура кој се планира до крајот на 2018 година да биде целосно завршен“ изјави министеррката Канческа-Милевска.