Претходна статија
Депонијата „Дрисла“ и по три години на самиот почеток од градба
Следна статија
Двојно зголемен бројот на предвидени станови за градење во мај

Обновата на Струмичкиот театар ќе финишира догодина

Објавено на 07.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска најави дека новиот објект на Струмичкиот театар ќе биде завршен во првата половина од 2017 година. „Веќе се чувствува театарската сцена, просториите, гримиорните, другите простори за техничка служба, салата, сценската кула. Ме радува што забрзано се работи“ изјави министерката Канческа-Милевска. Таа нагласи дека голем дел од орнаментиката ќе се врати на старото место, а оригиналната врата ќе биде повторно поставена во новото културно здание.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

На денешната посета на министерката за култура со своја реакција излегоа од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „Од 2012 година до денеска шест пати парадираа на Стариот театар. Цели 4 години ја ветуваат неговата обнова. Но таа се уште не е завршена. И денеска министерката даде уште едно ветување, наместо до крајот на оваа година, обновата на стариот театар во Струмица ќе заврши во првата половина на идната година“ велат од СДСМ Струмица.

 

Обновата на објектот на Струмичкиот театар започна во март 2014 година, со рок за изградба на објектот од 18 месеци. Од Министерството за култура за проектот беа обезбедени средства во висина од 220 милиони денари (3,5 милиони евра). Изведувач на градежните работи е фирмата „МАКАУС Благоја“, а проектната документација ја подготви „Проконтрол“ од Белград.