Зградата број 13 на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје, изградена во текот на 50-тите години од минатиот век, доби нова енергетски ефикасна фасада. Станбениот објект со руинираниот изглед до пред неколку месеци го нагрдуваше изгледот на просторот. Општина Центар ја реконструираше фасадата околу целата зграда (вкупна површина од 2.179 метри квадратни). Со зафатот е задржан автентичниот лик на објектот, а новите бои на зградата беа одредени во договор со станарите.
* Извор на фотографија: Општина Центар
Со новата фасада ќе се овозможат подобри услови за живеење на станарите, кои сега ќе плаќаат за 30% пониски сметки за климатизација. Се работи за контактна фасада, изведена од стиропор со дебелина од 5 см и завршен слој од пластичен малтер. Исто така заменети се окапниците и олуците на зградата. Финансиските средства за оваа фасада се обезбедени од буџетот на општина Центар.