Претходна статија
Нова термичка фасада за објект во скопската населба Пролет
Следна статија
Се продаваат парцели за изградба на куќи и хотели на велешкото езерото „Младост“

Железничкото депо „Лисиче“ се реконструира со кредит од ЕБОР

Објавено на 21.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По 43 години од неговата изградба, Македонски железници – Транспорт го започнаа проектот за реновирање и рехабилитација на железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Градежните работи треба да овозможат нормални услови за работа на вработените во претпријатието, но и можност за редовно сервисирање на новите возови кои пристигнуваат од Кина. Вредноста на проектот изнесува 2.000.000 евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Директорот на МЖ – Транспорт Никола Костов денеска пред новинарите ги промовираше градежните активности што во моментов се одвиваат на терен.

 

 

 

Предвидена е изведба на нова покривна конструкција на депото, како и енергетски ефикасна фасада која што ќе ги намали трошоците за загревање на објектот. Ќе се инсталираат штедливи лед светилки и ќе се замени електричната инсталација. Со проектот е зацртано да се променат и прозорците и вратите во железничкото депо, да се изведе нов под и да се реконструираат санитарните јазли и работните простории за вработените. Се очекува работите да се одвиваат во наредните неколку месеци.