Претходна статија
АД „Карпош“ ќе ја гради патеката околу Преспанското езеро
Следна статија
Штип догодина со нова рекреативна велосипедска патека

Ќе се реконструира Занатскиот дом во Куманово

Објавено на 16.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Центарот за развој на североисточниот регион и Општина Куманово со заеднички сили ќе го реконструираат Занатскиот дом во Куманово. Денеска беше распишан тендерот за адаптација и санација на објектот изграден во далечната 1930 година. Проектот ќе опфати реконструкција на фасадата и поставување на нови прозорци на зградата, како и внатрешно уредување на свечената сала. Во наредниот период е предвидено објектот да се користи за одржување на седниците на општинскиот совет на Куманово, но и да биде отворен за изведба на театарски претстави, музички концерти и други културно-уметнички манифестации.

 

 

Проценетата вредност на проектот изнесува 17.512.532 денари, без вклучен ДДВ. Зданието кое го краси центарот на Куманово треба да биде целосно реконструирано најдоцна до почетокот на ноември годинава. Сите заинтересирани компании за реализација на проектот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 6 јули.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk