Претходна статија
Ќе се реконструира Занатскиот дом во Куманово
Следна статија
Втор тендер за изградба на системот за наводнување Равен - Речица

Штип догодина со нова рекреативна велосипедска патека

Објавено на 16.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Догодина Штип ќе добие рекреативна велосипедска патека со должина од 4.712 метри. Локалната самоуправа ја избра фирмата „Ве-Група“ од Радовиш за изведба на патеката која ќе се протега покрај реката Брегалница, на потегот од населбата 8-ми Ноември во правец кон селото Караорман. Општина Штип за овој проект од буџетската каса одвои 12.218.456 денари (200 илјади евра). Штип е еден од македонските градови што немаат развиено мрежа на велосипедски патеки. Градските власти велат дека причината лежи во конфигурацијата на теренот на која е лоциран градот. Токму од тие причини, рекреативната велосипедска патека се гради надвор од централното градско подрачје. Општината го најави остварувањето на овој проект на почетокот од годинава, а тендерот беше објавен кон крајот на март годинава.