Претходна статија
Комплекс Ветрило – Живеење низ свежина, дома за своја душа
Следна статија
Велосипедски полигон за деца во паркот „Македонија“

Државата летово ќе реконструира седум училишни објекти

Објавено на 08.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука склучи договори за реконструкција на седум училишни објекти во неколку општини низ земјава. Со проектот се опфатени основните училишта „Илинден“ од Крива Паланка, „Истикбал“ од тетовското село Гајре, „Ѓорче Петров“ од Ропотово, „Ибраим Темо“ од тетовско Желино, училиштето „Димитар Влахов“ во населбата Кисела Вода, како и средните училишта „8-ми Септември“ од Тетово и „Ацо Русковски“ од Пехчево. Градежните работи треба да се завршат во рок од четири месеци, односно најдоцна до почетокот на октомври годинава.

 

Во државниот буџет за оваа намена се предвидени средства во висина од 29.838.142 денари, односно околу 480.000 евра. За изведувачи на градежните работи се избрани фирмите „Алдинг инженеринг“ од Скопје и „НБ Компани“ од Тетово.