„Македонски енергетски ресурси“ денеска го склучи договорот за изградба на магистралниот гасовод од Штип до Неготино во должина од 36 километри. Вредноста на капиталниот инфраструктурен објект ја достигна сумата од 1.146.617.488 денари, односно 18,6 милиони евра. Во конкуренција на седум понуди доставени од различни конзорциуми, државната компанија го избра конзорциумот што го предводи кумановската фирма „Рапид Билд“, во кој влегуваат и фирмите „Квалитет Пром“, „Чакар и Партнери“, „ЕЛТЕ Инжинеринг“ и „Спектартермо“. Првичната одлука за избор на изведувачот беше објавена уште во текот на март, но некои од конкурентските компании имаа забелешки за спроведената постапка за избор на најповолниот понудувач.
Финансиските средства за изградба на магистралниот гасовод Штип – Неготино се обезбедени преку кредитното задолжување на нашата земја во висина од 90 милиони евра кај германските Дојче Банка и Ерсте Банка. Изградбата треба да се реализира во рок од 18 месеци. Тендерот за избор на најповолен понудувач беше распишан во декември 2015 година.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk