Претходна статија
Државата летово ќе реконструира седум училишни објекти
Следна статија
Цената на гасоводот Штип - Неготино достигна 18,6 милиони евра

Велосипедски полигон за деца во паркот „Македонија“

Објавено на 08.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и генералниот директор за банкарство на мало на Стопанска банка, Милица Чапаровска Јовановска денеска официјално го пуштија во употреба урбаниот велосипедски полигон за деца во паркот „Македонија“. Велосипедскиот полигон за деца е со површина од 660 квадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исполнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

„Вредноста на овој проект изнесува 1.234.000 денари. Сакам да ја искористам оваа можност и да ги поканам сите претставници на бизнис секторот да се отворат за сите добри идеи за реализирање проекти коишто ќе придонесат за подобрување на условите на живот во општините“, истакна градоначалникот Коце Трајановски. Милица Чапаровска Јовановска, генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка изјави дека ова е ретка можност ваков јавен простор да биде оплеменет и трансформиран во катче за рекреација, забава и за едукација на најмладите.