Претходна статија
„Рајска градина“ во „барокен“ стил вреден милиони евра
Следна статија
Владата ќе гради скејт паркови и кошаркарски игралишта

ЕУ со истрага за македонските субвенции за евтини летови

Објавено на 02.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Субвенциите од македонската влада за евтините летови од домашните аеродроми ќе бидат под лупа од страна на Европската комисија. Европската унија отвора истрага за владината поддршка на нискобуџетните авиокомпании. Јакуб Адамовиц, портпарол на Европската комисија, денеска го соопшти ваквиот потег, дополнувајќи дека тие се во контакт со македонските власти во однос на ова прашање. „Ние сме секако свесни за загриженоста што е покрената за шемата за финансиски поттик што се дава од Владата во Скопје од 2012 на авиокомпании што сакаат да ги добиваат услугите на аеродромот“, рече портпаролот Адамовиц.

 

 

 

Потегот од Европската комисија доаѓа по реакцијата на некои авиокомпании. Александер Толвет од „Аустриан ерлајнс“ пред неколку дена изјави дека македонската влада поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. „Навистина е тешко да се натпреварувате со субвенционирани нискотарифни компании“, рече Толвет. Според последните информации на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2016 година од двата македонски аеродрома се превезени 343.541 патници. Споредено со истиот период лани, бројот на патници во авиосообраќајот е зголемен за 28,2%.