Претходна статија
БИМАС 2016 до крајот на мај ќе ја третира темата „Рециклирана архитектура“
Следна статија
„Ван Хол“ гради втора фабрика во ТИРЗ „Скопје 2“

Се стабилизира цената на становите во Скопје

Објавено на 18.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почетокот на 2016 година донесе позитивни вести за продавачите на станбени површини во главниот град. Според податоците од Кварталниот извештај на Народната банка, во периодот јануари-март 2016 година е забележан умерен раст на годишна основа на цената на становите од 3,1%. Централната банка пресметала дека вредноста на становите во Скопје се стабилизирала во текот на 2015 година. Сепак, банкарите даваат внимателни прогнози за натамошните придвижувања кај станбениот сектор во метрополата. „Тешко е да се заклучи дали промената во првиот квартал е од постојан или од привремен карактер“, посочуваат од НБРМ.

 

 

 

Во поглед на побарувачката и понудата на станови во Скопје, од НБРМ посочуваат дека моменталните показатели не укажуваат на позначителни промени. Изградбата на станбени згради се развивала со двоцифрена стапка на раст од околу 19% во текот на 2015 година, а по слична траекторија се движат и издадените одобренија за градење за идните станбени објекти. „Во поглед на побарувачката на станови, постојаниот солиден раст на станбените кредити продолжи и во првиот квартал на 2016 година, што упатува на натамошно зајакнување на побарувачката“, истакнуваат од Народната банка.

 

Вредноста на становите во Скопје се пресметува врз основа на хедоничкиот индекс на цената на становите, за кој се користат податоци објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет на недвижности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk