Претходна статија
„Ван Хол“ гради втора фабрика во ТИРЗ „Скопје 2“
Следна статија
Автобускиот превоз со лоши резултати на почетокот од 2016 година

Прв станбен комплекс во зимско – рекреативниот центар Маврово

Објавено на 18.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар во изминатиов период инвестираше во првиот станбен комплекс изграден во зимско – рекреативниот центар Маврово. Објектот со 105 апартмани за индивидуално домување се простира на вкупна површина од околу 6.000 метри квадратни. Домашниот инвеститор во зградата вложил 3,2 милиони евра, вклучувајќи го имплементирањето на мерките за енергетска ефикасност на објектот, паркинг – простор за станарите и трафостаница за непречено напојување со електрична енергија. Продажбата на станови ќе се одвива преку агенцијата за недвижности „Фортон Македонија“.

 

 

 

Станбениот комплекс во Маврово се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри и е лоциран во непосредна близина на ски-лифтовите од зимско-рекреативниот центар. Од „Пелагонија“ – Гостивар денеска информираа дека цената на новите станови во зградата ќе се движи од 600 до 900 евра за метар квадратен.