Претходна статија
Богата програма на БИМАС 2016
Следна статија
96,7% од велосипедистите во Скопје секојдневно возат низ Центар

СДСМ реагира за проектот „Рајски парк“ на ЕЛЕМ

Објавено на 15.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо „Рајски парк“, скопската општина Аеродром ќе прерасне во рајска градина ако 14 милиони евра се инвестираа во проекти корисни за граѓаните, сметаат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водечката опозициска партија денеска реагираше на најновиот проект на Електрани на Македонија, со кој е планирано да се гради „Рајски парк“ во населбата Ново Лисиче. Оттаму велат дека финансиските средства за рајска градина со мајмуни и желки можеле да се искористат за покорисни проекти за граѓаните.

 

 

 

„Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле да се потрошат 14 милиони евра за Рајска градина, градоначалникот Коневски треба да одговори на граѓаните на Аеродром: Зошто наместо за рајска градина не се искористат овие 14 милиони евра, пари на граѓаните, за да се направат 6 нови градинки во Аеродром? Или да се инвестираат за 3 нови училишта? Каква ли рајска градина ќе беше Аеродром ако со овие 14 милиони евра се изградеше културен центар, општинска зграда“, прашуваат од опозицискиот СДСМ. Социјалдемократите констатираат дека криминалнита политика на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните на општина Аеродром.

 

Реакцијата на опозиционерите доаѓа откако ЕЛЕМ пред неколку дена го објави тендерот за изградба на „Рајски парк“ во оваа скопска општина. На локацијата треба да се уреди парковска површина, во која ќе можат слободно да шетаат срни, фазани, мајмуни и други животни. Автори на проектната документација се архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект