Претходна статија
Странските пазари недостижни за македонските градежници
Следна статија
Жестоки реакции против изградбата на Рајска градина во Аеродром

Надградбата на патот Велес – Штип ќе заврши до септември

Објавено на 12.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска најави дека реконструкцијата и надградбата на експресниот пат од Велес до Кадрифаково ќе заврши до септември годинава. Проектот составен од три фази привршува со својата реализација, а во моментов се изведуваат градежните работи на последната етапа. „Моментално се врши асфалтирање на делови од третата фаза, која е со должина од 10 километри. Досега се реализирани 85% од градежните работи“, изјави министерот Мисајловски. Третата фаза од проектот ја опфаќа трасата од селото Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково. Изведувач на градежните работи е скопски „Гранит“.

 

За последната фаза од реконструкцијата и надградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково се издвоени околу 6,3 милиони евра. Вкупната вредност на целокупниот проект изнесува 14,6 милиони евра, кои се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Должината на целата делница изнесува 26 километри. Експресниот пат ќе има две сообраќајни ленти и две ленти за застанување, со вкупна широчина од 11,1 метри.