Претходна статија
20 компании заинтересирани за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“
Следна статија
„Алдинг инженеринг“ ќе реконструира осум училишта во земјава

Саниран покривот на училиштето „Д-р Златан Сремац“ во Скопје

Објавено на 28.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

http://i.imgur.com/CitL22i.jpg

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ во скопската општина Кисела Вода доби нова покривна конструкција, благодарејќи на проектот за санација што го реализираше градежната компанија „Адора инженеринг“. Со реконструктивниот зафат беше надминат долгогодишниот проблем со протекувањето на влага во просториите на училиштето. Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, раководството на оваа образовна установа му изрази благодарност за хуманоста и поддршката на менаџментот на „Адора инженеринг“. Проектот за санација на дотраениот покрив се реализираше во рамките на општествено одговорните активности и долгорочниот проект за вложување во општините каде „Адора инженеринг“ гради свои објекти.

 

* Извор на фотографија: Адора инженеринг

 

Објектот на посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ е изграден во далечната 1932 година. Со комплетираниот санационен зафат се реши еден од главните проблеми со функционирањето на оваа образовна установа.