Претходна статија
Саниран покривот на училиштето „Д-р Златан Сремац“ во Скопје
Следна статија
Бројот на паркинг места лани зголемен за 6,8%

„Алдинг инженеринг“ ќе реконструира осум училишта во земјава

Објавено на 28.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

http://i.imgur.com/pPUGDEA.jpg

Министерството за образование и наука ја избра градежната фирма „Алдинг инженеринг“ од Скопје за рехабилитација на осум училишта на територијата на земјава. Градежните работи е предвидено да започнат на 15 јуни и истите ќе траат до крајот на годинава. Од државниот буџет за реконструктивниот зафат на образовните објекти се одвоени средства во висина од 34.012.759 денари, односно околу 550.000 евра. Во рамките на овој тендер учествувале шест градежни компании со своите понуди. Огласот од надлежното министерство беше распишан кон крајот на јануари годинава.

 

 

 

Во проектот за реконструкција на објектите на осум училишта се вклучени средното училиште „Методија Мицевски – Брицо“ во Скопје, како и основните училишта „Бајрам Шабани“ во село Долно Свиларе, „Даме Груев“ во село Куклиш, „Агим Агуши“ во село Радолишта, „Глигор Прличев“ во Охрид, „Братство Единство“ во Дебар, „Св. Кирил и Методиј“ во село Романовце и „Бајрам Шабани“ во Куманово.