Претходна статија
Цаноски бара судска разрешница за случајот „Космос“
Следна статија
И Општина Аеродром ќе реконструира фасади на станбените згради

Две згради на булевар „Св. Климент Охридски“ со нови фасади

Објавено на 26.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадите на станбените објекти на булевар „Св. Климент Охридски“ со број 13 и 13а. Овие две градби ќе добијат енергетски ефикасни фасади од сите четири страни, а не само на предниот дел. Од локалната самоуправа информираат дека со инвестицијата ќе се задржи автентичниот лик на објектите, додека новите бои на фасадите ќе се договорат со станарите. Со реконструкцијата на објектите ќе се намалат сметките за електрична енергија за 30%, а ќе се овозможат и подобри услови за живеење на станарите. Двете згради се изградени во 50-те години на дваесеттиот век и во моментов имаат руиниран изглед.

 

 

 

Локалните власти ќе го финансираат претстојниот зафат од сопствениот буџет. „Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Исто така, ќе се сменат и окапниците и олуците“, информираат од Општина Центар. Во проектот за санацијата на дотраените фасади во централното градско подрачје досега беа вклучени 12 станбени објекти. Од Општината најавуваат дека следна за обнова е зградата на улица „Цицо Поповиќ“ со број 7 во населбата Пролет.