Претходна статија
Плоштад „ВМРО“ ќе никне и во Крива Паланка
Следна статија
Карпош ќе инвестира 690 илјади евра во две детски градинки

Распишан тендер за големиот салон на Македонска опера и балет

Објавено на 08.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Националната установа Македонска опера и балет објави оглас за избор на градежна фирма што ќе го реконструира големиот салон на маркантниот објект изграден во 1979 година. Претстојниот зафат на најзначајниот дел од зданието на МОБ ќе опфати санација на подот и електричната инсталација, замена на сите седишта во гледалиштето и поставување на лед-екрани за претставите. Од културната установа проценуваат дека градежниот зафат ќе чини 52.542.364 денари (околу 850.000 евра), без вклучен ДДВ. Сите заинтересирани компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 27 април.

 

 

 

Реконструкцијата на големиот салон на Македонската опера и балет ќе се одвива во период од 120 денови. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска неодамна најави дека санациониот зафат ќе се одвива во летните месеци, за кога не се закажани изведби од репертоарот. Оригиналниот внатрешен и надворешен концепт за објектот на МОБ го имаат изработено словенечките архитекти Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер и Марјан Уршич од „Биро 77“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk