Претходна статија
Втор тендер за доградба на жичарницата на Водно
Следна статија
На 31 март истекува рокот за поднесување барање за легализација на дивоградбите

„Визер“ ги промовираше летовите до Берлин, Копенхаген и Братислава

Објавено на 29.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се лета до Берлин, Копенхаген и Братислава. Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ денеска ги промовираше летовите од главниот град на земјава кон овие три дестинации, со кои уште минатата недела беше воспоставен авиосообраќај. Авионите ќе сообраќаат два пати неделно, а цените на билетите ќе почнуваат од 899 денари. Со новиот ред на летање на оваа нискобуџетна авиокомпанија, нашата земја по неколку години повторно добива авио врска со некоја од дестинациите во Средна Европа. Од „Визер“ најавуваат дека ќе воведат уште една авионска линија до Хамбург, почнувајќи од 20 јуни. Преку ефтините летови на „Визер“, аеродромите во Скопје и Охрид во изминатиов се поврзаа со 24 градови од 11 европски земји.

 

Патниците од нашата земја во наредните месеци ќе можат да очекуваат уште неколку новини во воздухопловниот превоз. „Чех ерлајнс“ од 20 мај ја обновува редовната авионска линија Скопје – Прага – Скопје. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од 16 јуни ќе добие нова авио врска до Белград, која ќе се одржува во летните месеци од страна на српската авио компанија „Ер Србија“. Од 2 октомври, катарската воздухопловна компанија „Катар Ервејс“ ќе воспостави редовна авионска линија Скопје – Доха – Скопје. Според официјалните статистички податоци, од двата македонски аеродроми лани биле превезени 1.560.381 патници, што претставува зголемување од 22% кај бројот на превезени патници во споредба со 2014 година.