Претходна статија
Приватниот ФОН Универзитет со сопствен студентски дом
Следна статија
Промовирана првата велосипедска рута од „Скопје велоград“

Општина Чаир ќе го дислоцира споменикот на Скендербег

Објавено на 21.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија ќе се дислоцира за два до три метри од постоечката локација за да може непречено да се одвива изградбата на плоштадот „Скендербег“. Општина Чаир веќе го распиша тендерот за избор на компанија што ќе го дислоцира споменикот, а истовремено е предвидено да се изведе и нов постамент за него. Зафатот е проценето дека чини 7,9 милиони денари без вкалкулиран ДДВ, при што целиот договор е планирано да се реализира најдоцна за седум месеци.

 

 

 

Локалната самоуправа во изминатиов период ги избра и авторите за изработка на мозаиците на надземниот пешачки премин, кои се опфатени со втората фаза од изведбата на плоштадот „Скендербег“. Творци на уметничките дела што ќе се вклопат во градителскиот проект се авторите Јосиф Дробонику и Невзат Бејтуљи. Нивните идејни решенија се прогласени за најквалитетни творби, во конкуренција на шест пристигнати труда на распишаниот Конкурс за избор на идејно решение.

 

Општина Чаир во моментов ја изведува втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендебег“. Премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ е стигнато до изведбата на носечките столбови на средишниот дел од идниот плоштад. Армиранобетонската плоча за премостување на булеварот треба допрва да се изведе. Во изминатиов период беа издигнати страничните бетонски столбови, над кои треба да се извиши идниот јавен простор за граѓаните.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk