Претходна статија
Охрид во потрага по архитектонски трудови за Градска куќа
Следна статија
Продолжува реконструкцијата на улицата Аминта Трети

Жителите на Карпош 4 не сакаат плоштад наместо постоечкото зеленило

Објавено на 12.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската населба Карпош 4 со жив штит ќе го бранат зеленилото од идеите на Општина Карпош. Граѓаните денеска излегоа на собир против планот на локалните власти за изградба на плоштад со површина од 2.900 метри квадратни, на постоечките зелени површини меѓу зградите. Граѓаните се жестоко против оваа идеја, додавајќи дека нема да дозволат нивната населба да постане бетониран простор со многу врева. Општина Карпош веќе распишала оглас за изградба на плоштадот, кој е предвидено да чини околу 400.000 евра, а најповолен понудувач треба да се избере до средината на март.

 

 

 

„Ќе се сече ниска и висока вегетација и ќе се бетонира просторот. Ќе добиете плоштад – собиралиште со многу врева што ќе ви го наруши мирот. Спокојни ќе бидат само оние што ќе ги поделат парите за изградбата на плоштадот“, нагласуваат граѓаните преку социјалните мрежи. Тие најавуваат дека ќе ги следат натамошните активности на Општина Карпош и ќе реагираат соодветно на чекорите што ќе ги преземат локалните власти.

 

Од Општината во изјава за „Телма“ тврдат дека нема да се гради плоштад во населбата Карпош 4, туку ќе има само хортикултурно уредување на просторот. Тие потенцираат дека со зафатот ќе се изведе детско игралиште, ќе се обноват пешачките патеки и ќе се засадат нови дрвца. Според податоците од Бирото за јавни набавки, сепак предмет на распишаниот оглас е изградба на нов плоштад во оваа скопска населба.