Претходна статија
Почна реконструкцијата на блокот А од домот „Гоце Делчев“
Следна статија
Охрид во потрага по архитектонски трудови за Градска куќа

За пет години цената на становите паднала за 7,3% на национално ниво

Објавено на 11.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во изминативе пет години паднала за 7,3% на национално ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, еден квадрат во текот на минатата година се продавал по цена од 46.085 денари. Цената на становите во главниот град во 2015 година изнесувала 52.916 денари, што е за 1,8% помалку во споредба со 2014 година, а во останатите населени места во државата 33.243 денари, или 0,8% помалку во однос на 2014 година. Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без пресметан данок на додадена вредност.

 

 

 

Статистичките извештаи од претходните години покажуваат дека вредноста на становите во Скопје во периодот 2011-2015 била намалена за 10,6%. Последното зголемување од високи 12,9% кај цената на овој вид на недвижности е регистрирано во 2010 година, кога во главниот град можело да се купи стан по просечна цена од 64.127 денари за метар квадратен. Извештајот на Државниот завод за статистика за 2015 година покажува дека намалувањето на вредноста на становите е позабележително во второто полугодие од 2015 година. Во периодот јули – декември, цената на становите на национално ниво е намалена за 2,7%. Намалувањето на вредноста на становите во Скопје во овој временски период изнесувало 1,5%.

 

Државниот завод за статистика ја определува вредноста на живеалиштата во Македонија со посебен статистички извештај, кој излегува од печат еднаш годишно.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk