Претходна статија
Проектот „Страва“ за подобри велосипедски патеки во Општина Центар
Следна статија
Со кредит од ЕБОР ќе се купат три нови електрични локомотиви

Започна проширувањето на градинката „Срничка“ во општина Аеродром

Објавено на 10.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Аеродром денеска ги започна активностите за доградба на објектот „Чекорче“ на детската градинка „Срничка“. Зградата со површина од 1.700 метри квадратни, со приземје и еден кат, ќе содржи девет големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории. Зацртано е вградување на еколошки прифатливи градежни материјали, а новата градба ќе ги задоволува и критериумите за енергетска ефикасност. Објектот ќе обезбеди услови за  згрижување на 250 дечиња

 

 

 

„На мое огромно задоволство, а верувам и на задоволство на многу родители, денеска официјално ја почнавме изградбата на нова детска градинка, втора по ред оваа година“ изјави градоначалникот Ивица Коневски. За градежните работи од локалниот буџет се предвидени 27.140.000 денари (околу 441 илјади евра). За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Виа инженеринг“ од Вевчани, која за реализација на проектот има рок од седум месеци.