Претходна статија
Опозицијата од скопски Аеродром е против нови висококатници
Следна статија
Цената на станбениот и деловниот простор во Скопје останува стабилна

Се доградува ролерско – велосипедската патека од левата страна на Вардар

Објавено на 08.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во општина Карпош ќе се изгради ролерско – велосипедска патека од левата страна на реката Вардар. Екипи на Градот Скопје деновиве работат на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар кај телевизија „Канал 5“. Ролерско – велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. Досега е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставени рабници. Градските власти информираат дека наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.

 

* Извор на фотографии: Град Скопје

 

 

На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 метри. Изведувач на градежните работи е Ј.П. „Улици и патишта“. Со тековниот проект за изградба на ролерско – велосипедската патека, Градот Скопје ќе им овозможи на граѓаните непречено да се рекреираат на кејот на Вардар.

 

 

 

По реализираниот зафат, скопјани ќе можат непречено да го користат својот велосипед на рекреативната патека од левата страна на Вардар, на потегот од општина Карпош преку центарот на градот до универзитетот ФОН во општина Аеродром.