Претходна статија
Критична маса #46: Ја поседуваш колата, а не патот
Следна статија
Летен кампус за хуманата екологија на Стара Планина во Србија

Младите архитекти против идните „барокни“ фасади во Скопје

Објавено на 21.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Одлуката на Советот на град Скопје за рефасадирање на 13 нови објекти во центарот на Скопје доведе до реакција од младите архитекти. „Прва архибригада“ испрати порака до јавноста во која наведуваат дека ќе ги отстранат срамните фасади од лицето на архитектурата во Скопје. „Ние, идните архитекти и градители на Македонија, им ветуваме на граѓаните дека ќе дојде денот кога овие безвредни (а скапо платени) кичести, шупливи и псевдо-историски, срамни и лажни фасади ќе ги отстраниме од вистинското лице на архитектурата на градот“, велат од „Прва архибригада“.

 

 

 

Од „Прва архибригада“ дополнуваат дека отстранувањето на лажните фасади од проектот „Скопје 2014“ претставува чин што ќе го посакаат граѓаните, нарекувајќи го претстојниот процес „фасадна археологија на која сите ќе и се радуваме“. Идните македонски архитекти посочуваат дека отстранувањето на срамните фасади е повторно откривање на вистинската историја на градот и на сите негови културни слоеви.

 

Покрај реакцијата од „Прва архибригада“, со свое негодување за промената на нови фасади во централното градско подрачје пред неколку дена излегоа и од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Тие побараа оставка од скопскиот градоначалник Коце Трајановски поради изведбата на нови “барокни” фасади на препознатливи објекти од центарот на Скопје.